11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна вакцинацијата на лица над 77- За Прилеп 900 вакцини

Во Прилеп започна имунизацијата на граѓаните кои имаат над 77 години со вакцината на „Астра Зенека“, која пристигна преку механизмот Ковакс. Вакцинацијата ќе се врши во пунктот во Здравствениот дом – Прилеп, а закажувањето е преку матичниот лекар. За Прилеп пристигнаа 900 вакцини, потврди дириректорот на прилепската болница, Кети Смилеска . Вакцинирањето ќе трае се додека не се исцрпат залихити , вели таа.

Матичните лекари веќе ги информираа своите пациенти, постари од 77 години за имунизацијата. А, пациентите кои се вакцинираат денеска ги охрабруваат и останатите тоа да го направат.

„Ние веќе ги исконтактиравме нашите пациенти кои се на возраст над 77 години. Најприн добивме формулари од Министерството за здравство, кои беа потребни да се потполнат од страна на пациентите, со кои се утврдуваше нивната здравствена состојба. Вакцинацијата е доброволна, но нам како матични лекари ни е обврска да ги информираме сите наши пациентите над 77 години дека имаат можност да се вакцинират против коронавирусот. За сите останати пациенти кои што сакаат да се вакцинираат, а се над 70 години, сигурно дека ќе има и понатаму други пооделни етапи за вакцинација. Интересот засега е добар и сметаме дека на овој начин ќе придонесеме за колективна имунизација на населението. Закажувањето оди преку нас како матични лекари во зависност од тоа како е пополнета анкетата која што е направена. Сите оние кои се заинтересирани ќе добијат термин за вакцинација и ќе го остварат своето право. Имунизацијата се врши во двата пунктови на Здравствен дом Прилеп (пункт 1 и пункт 2). Секој оној што добил термин треба да се придржува кон времето и да биде заштитен според протоколите. – вели матичниот лекар Малија Силеска, од ПЗУ „М&M“-Прилеп

Вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок.

Инак, преку механизмот Ковакс во неделата пристигнаа 24 000 вакцини од „Астра Зенека“, од нив 4 000 првично беа најавени за вработените кои се во покритична состојба : како вработените во МВР и Армијата, новинари, вработени во судовите и обвинителствата, возачите на автобусите на ЈСП, пожарникарите, воспитувачките во градинките и вработените на патарините. Меѓутоа, ова е неизвесно со оглед на синоќешната најава од министерот за здравство Венко Филипче, дека земјава ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „Астра Зенека“.

Би можело да ве интересира

Исполнет цензусот, започна пребројувањето!!!

Гордана Цветаноска

Селото Пресил очекува канализација

Елизабета Филипоска

Под слоганот „Борбата трае“ ќе се одбележи Илинден – Премиерот доаѓа во Крушево на Мечкин Камен

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе