ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп интересот за вакцинација 100%, а Крушево со иминузација започнува утре!

806

Неперечено и денеска во Здравствен дом – Прилеп продолжува вакцинацијата со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ на граѓаните над 77 години.

„Динамика за имунизација во Прилеп се реализира 100%. Од 90-те вакцини планирани во вчерашниот ден сите граѓани се јавиле да ја примат вакцината, што говори за големата свест и совест на возрасната популација за почитување на мерките и за важноста на имунизацијата„ -вели Кети Смилеска, директор на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Прилеп има на располагање 900 вакцини и во период од 10 дена планирано е да се  имунизираат 900 граѓани, со прва доза од оваа вакцина. Пунктот за вакцинација можно е да работи и за време на викендот, истакна Смилеска, нагласувајќи дека закажувањето за имунизација е преку матичните лекари. За таа цел ќе мора пациентите да ги зажурираат своите контакти за да може матичниот лекар навремно да ги иннформира за вакцинацијата.

В петок, пак, ќе почне вакцинацијата против „ковид-19“ на жителите на крушевската општина. Како што информираат од Општина Крушево, вакцините се обезбедени.

„Вакцинацијата ќе ја спроведува редовната служба за имунизација при ЈЗУ Здравствен дом-Крушево. Започнуваме од 02.04.2021 (петок), за пациенти над 77 години, со закажување преку апликацијата „Мој термин“, од страна на матичните лекари.“, соопштуваат од Здравствен дом -Крушево.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: