ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Да си го исчистиме градот, втора еко акција кај Селце

1.187

Недела, 11 ти април од 12 до 15 часот нека биде ден за прошетка во природа и учество во еколошка акција. Закажана е втората еко – акција за чистење на Прилеп и околината. Исто како и првиот пат, иницијативата е идеја на Виктор Петроски, еко активист кој што ги поттикна прилепчани да излезат и да се вклучат за почист град, а со тоа да ја подигнат свеста кај своите сограѓани да се грижат за Прилеп. Локацијата е Селце, кај манастирот „Свети Димитриј“.

„ Се’ што е потребно за учество е добра волја, нараквици и кеси и расположение за дружба“, вели Виктор, кој што ги повикува сите вљубеници во природата и во родниот крај да се вклучат и да го искористат слободното време. Воедно, настанот е пријавен и во полицијата.

Ова е настанот креиран на Фејсбук групата:

https://www.facebook.com/events/198249338410987

Да си го исчистиме градот!
Да ја покажиме нашата човечка природа. Да ја прошириме Еко Свеста и да си го исчистиме ПРИЛЕП.После првата успешна акција на 28ми каде Марковите Кули блеснаја во првобитната убавина да ја подолжиме оваа интенција со следна локација.1. Локација Маркови Кули – Исчистено! Следно:
2. Локација Селце 11. 4.2021 Две места за собир:
1. Подвожњакот
2. Манастирот

Една група да тргне од подвожњакот и една да пристигне уште веднаш кај манастирот. Добредојдено е ако споделите на стори и на зид!
Еден поинаков краток излет. Прилеп има моментално потреба од акција за чистење! Следна локација во Селце.Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден. Малце и дружба, малце еко акција.Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И ве молам не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер. Протоколите за Ковид да се почитуваат

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: