16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Католиците го слават Велигден

Католиците го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално централното одбележување се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, со Воскресна света литургија.

Инаку, втора година по ред плоштадот Свети Павле во Ватикан е празен за Велигден поради новата тридневна блокада и рестрикции кои важат како нови анти – ковид мерки. Италија влезе во велигденски карантин. Државата се обидува да се справи со третиот бран на коронавирусот кој носи по околу 20.000 новозаразени на ден.

Сите региони во државата се во „црвена зона“ што значи дека во цела Италија на сила се најстрогите рестрикции. Црквите  се отворени, но верниците ќе присуствуваат на службите само во оние кои се наоѓаат во нивните региони. Папата Франциско и оваа година своето велигденско обраќање ќе го има пред празниот плоштад „Свети Петар“. Втора година по ред, папата Франциско ќе го чита посланието пред празниот плоштад пред базиликата Свети Петар.

Би можело да ве интересира

Прилеп во чест на Денот на руралната жена

Калиопи со нова песна поддржана од Витаминка

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе