25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Калиопи со нова песна поддржана од Витаминка

Македонската естрадна ѕвезда Калиопи Букле ѝ го претстави на јавноста видео записот за својата нова песна наречена „Пресуда“. Во реализацијата на овој проект беше вклучена и Витаминка, како редовен поддржувач на музичката продукција. Целта на поддршката од Витаминка е заедничка успешна промоција на Витаминка и нејзините брендови, во Македонија и регионот.

„Пресуда“ е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик. Во видео записот, покрај македонската дива, се појавува и брендотАтлантис, како дел од сценографијата. Со оглед на фактот дека песната е наменета за повеќе пазари, со позиционираноста на брендовите Витаминка и Атлантис, дополнително ќе се промовираат производите на сите околни пазари.

Првичните реакции на песната од тимот што беше инволвиран во создавањето се навистина одлични и интензивни. Зад музиката, текстот и аранжманот стои потписот на текстописецот Ромео Грил, а видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје. Песната е снимена во ГМП студио во Базел, Швајцарија и Морис студио во Загреб, Хрватска, а песната ја снимале Дон Карло Џовани (Базел) и Филип Видовиќ (Загреб), кој стои и зад миксот и мастерингот.

 

 

Би можело да ве интересира

Како и кога настанала песната „Ѓурѓовден”?

Регионална конференција во Охрид за зелени урбани транспортни решенија и одржлива мобилност

АМКАЊЕТО како прилепски обичај за Прочка во изведба на „Преродба„ утре (сабота) пред градскиот саат во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе