16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

За Велигден и Рамазан нема да има полициски час, а од среда се отвораат кафулињата

Комисијата за заразни болести по состанокот утрово, предлага полицискиот час во следната недела да почнува од 21 часот до 05 часот, и да има отворање на летните тераси на угостителските објекти. Одлука веќе е донесена и од страна на Кризниот штаб.

Со тоа ќе се скрати траењето на полицискиот час во целата земја, а угостителите ќе може да служат гости, но само на отворено. На денот на празнувањето на празниците Велигден и Рамазан полициски час нема да има, пишува Дојче веле.  Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, а потоа на седница треба да одлучи за прифаќање.

Во изминатите три недели во земјата имаше полициски час од 20 часот, и забрана за работење на угостителските објекти.

Би можело да ве интересира

Се отвора Градскиот пазар во Прилеп под засилени мерки за заштита

Локалитетот „Локва“ – природна реткост или мочуриште?!

Се подготвува претставата „Поблиску“ во театарот Војдан Чернодрински

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе