5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Локалитетот „Локва“ – природна реткост или мочуриште?!

Реликтниот ендемичен вид на вилинско ракче, пред 8 години е откриен во  локалитетот Локва, во пелагониската рамнина, во близина на с. Големо Коњари.

Ова е единствен регистриран локалитет во светот во кој опстојува овој ендемски вид, кој е вклучен во категоријата на загрозени видови.

Дождовни локви расфрлани на необработлива засолена почва која се користи како пасишта, лоцирани во близина на селото Големо Коњари (прилепско) го сочинуваат локалитетот соодветно наречен, “Локва”.

Тој  е остаток од некогашното пространо Пелагониско блато и изобилува со уникатна ендемична фауна, меѓу кои најзначајно е вилинското ракче, велат познавачите на овој регион, кои бараат заштита на локалитетот, каде опстојува вилинското ракче, како природна реткост. Станува збор за самовилско ракче (Chirosephalus pelagonicus) кој што живее, на локалитетот „Локви“  и е единствено во светот. Вилинското ракче е со големина од 2 см. Својот животен циклус го почнува рано напролет, а го завршува при крајот на мај кога женките полагаат јајца. Тие имаат дебела обвивка за да може да опстанат скриени во трските во текот на студените зими и летните суши кога локвите пресушуваат. Така, идната пролет при поволни услови се развива повторно вилинското ракче на длабочина до 60 см.

Но , месното население често пати ја обработува земјата и површината околу тие локви и доаѓа до уништување на тие животинчиња односно на самовилското ракче. Пред десетина година заштитниците на животната средина и биолозите бараа заштита на  локалитеот, како строг природен резерват.

Резерватот се простира на 25 хектари, а карактеристично е и тоа што  водата е солена поради почвата. Мештаните откако беше откриен овој раритет се потсетуваат.

Дедо Сотир од Големо Коњари со својот бастун ни покажува во правецот на  локалитетот Локва,  оддалечен два километри од селото. Вели таму во барите, ракчиња во пролет има безброј , но мештаните ниту знаеле ниту претпоставувале дека нив ги има само тука.

 

– Како млад тука ја пасев стоката. Кој знаел дека такви ракчиња имало?! Кого го интересирало? Инаку, тоа таму е мочуриште и има два три вира поголеми- вели тој

 

– Посебнa е тука самата земја.  Кога ќе фати сонце, земјата како со сол да е побелена и овците кога пасеа одеа и лижеа од земјата – вели еден овчар.

 

– Ракчињата се со големина два сантими и тие со раце се фаќаaт. А,водата кога намалува може да ги видите во поголем број – раскажува еден од локалните мештани

Барите во лето се сушат, но вилинското ракче опстојува раскажуваат нашите соговорници.

Освен вилинското ракче, во трите бари на локалитетот „Локви“ кај селото Големо коњари, прилепско, се евидентирани уште 50 други животински видови од кои 16 се регистрирани во Европската книга на природни реткости.

Инаку, околу 7% од територијата на Р. Македонија е под режим на заштитени подрачја, а државата претендира да ја достигне европската норма од околу 12 %.

 

Би можело да ве интересира

Утре, недела, атлетски трки во центарот на Прилеп „Че трчаме“

Пела Редакција

Еден новозаболен во Прилеп, од вкупно 156 во Македонија

Гордана Цветаноска

Од утре , вторник, веројатно ќе се возиме со поскапо гориво

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе