11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: „Одговорност за лажни ветувања и можни прекршувања на законите!“

ОК на ВМРО ДПМНЕ на деншната прес конференција која ја водеше Виктор Здравески, советник од ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп, најави дека од денеска ќе започнуваат со низа прес конференции и активности кои ќе бидат во насока на обелоденување на , како што велат тие, “ лажните ветувања, како и можни прекршувања на законите од страна на локалната власт предводена од СДСМ и Илија Јованоски“

„ Во наредниот период, ќе следуваат соодветни поднесоци и пријави со кои ќе треба во интерес на вистината, да се позанимава и Обвинителството. Бидува ли до толку да не се читаат законите и да се практикува толкаво незнаење? Каков срам и блам! Илија Јованоски во 2017-та вети изградба на театар, за потоа секоја година да ги собира глумците од Прилеп лажејќи ги дека ,,од утре” ќе започне изградба на театар, иако од наша страна му беше укажано повеќе пати дека тоа не е во надлежност на Локалната самоуправа. И покрај тоа, во 2018-та беше распишан конкурс за идејно решение за објект кој не е во надлежност на Јованоски и локалната власт, за што беа потрошени и општински пари. За туѓ објект! Центарот на култура е национална институција во надлежност на Министерство за култура. Дали е нормално досега Министерството за култура да нема побарано одговорност од Локалната самоуправа? Врз која основа ЈП за ПУП распиша конкурс за идејно решение за објект во туѓа сопственост? Приложете пред јавноста документ кој ви го дозволи тоа и според кој закон? Дали Владата можеби ве задолжи со одлука, или можеби тоа беше Министерството за култура? Нашите сознанија велат дека такво нешто не постои, па оставаме простор да го докажете спротивното. Знаете дека некој ќе треба да сноси одговорност за залудно потрошени пари на граѓаните на Прилеп? За апсурдот да биде поголем, на последната седница на Советот, знаејќи дека не може и не смее да биде реализиран проектот од општината и градоначалникот, владеачкото мнозинство донесе одлука идејниот проект (проект кој во реалност не може да биде спроведен така како што го замислиле) да биде предаден на Центарот на култура. Почитувани, законот треба да важи и ќе важи подеднакво за сите. Секој што се огрешил пред законот ќе одговара! Граѓаните заслужуваат да знаат каде и на каков начин завршиле нивните пари. Бидете уверени дека правдата секој ќе го стигне!“-истакна на прес конференцијата Здравески

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Прилеп: Oбјектот во „Сточен пазар“ нема технички прием

Трипуновски: Касата на министерството за земјоделство е речиси празна

Опозицијата со критика кон акцијата на СДСМ „Од врата на врата„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе