ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Магдалена Алексовска – Маги со “Друг да ме нема” ја освежува македонската музичка сцена

1.350

Нејзиниот глас е ангелски и се слуша од Њујорк па се до Македонија. На пошироката јавност и стана позната по улогата на госпоѓица Хениген во мјузикл „Ени” а допрва за неа ќе се слуша. Магдалена Алексовска – Маги го промовираше нејзиниот нов музички производ кој е вистинско освежување на македонската музичка сцена, со наслов “Друг да ме нема”.

Музиката е на Кирил Бабамов , текстот на Весна Малинова Бабамов , аранжманот на Кирил Бабамов а продуценти се Кирил Бабамов, Дејан Момироски и Весна Малинова Бабамов.

Маги пее ,компонира и свири на флејта а студира музика како стипендист на престижниот Вагнер Колеџ во Њујорк. Македонија ја преставуваше и на детската евровизија во 2015 година во Софија. Запеа и на најголемата сцена во Карнеги хол на “Американ Протеже” Исак Стерн Аудиториум. Магдалена ни гостуваше во живо во нашата програма и за Радио Пела рече дека кога нејзиниот овој труд во музичкиот свет ќе вроди со плод таа секогаш ќе ја носи својата земја Македонија со културата и традицијата во срцето. Подолу во видеото погледнете го целосниот разговор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: