11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: СДСМ продолжува со – ЌЕ реториката

Со реакција на денешното обраќање до јавноста на ОО на СДСМ Прилеп се јави ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која меѓу другото се вели:

Наместо СДСМ да им се извини на граѓаните, за залудно потрошените три ипол години во неработење и преспивање на мандатот, истите решиле да ја потценуваат интелигенцијата на народот.Најдоброто за нашата општина Прилеп е градоначалникот Илија Јованоски и локалните функционери од редовите на СДСМ, да си заминат час поскоро.За жал, СДСМ и понатаму продолжува со веќе видената ЌЕ реторика, дека нешто ќе изграделе, ќе направеле, ќе решавале некакви проблеми иако имаа доволно време да се позанимаваат со тоа. Граѓаните сведочат дека во изминатите години, локалната власт на чело со Илија Јованоски, освен неколку прескапо платени проекти, не реализира речиси ништо од ветеното.Што се случи со долго најавуваниот спортско рекреативен центар со затворен базен? До каде е изградбата на новиот театар, реконструкцијата на прилепската чаршија, долго најавуваната гасификација, до каде се економските политики и отворањето на нови работни места? СДСМ да излезат пред граѓаните и да кажат една, барем една донесена инвестиција и отворена фабрика во нивно време.Нека си ја отворат предизборната кампања од пред 4 години и таму ќе го најдат одговорот зошто ќе доживеат дебакл на идните локални избори.Ваквите пресконференции со кои се потценува интелектот на граѓаните се само обичен крик во знак на немоќ за големиот пораз со кој ќе се соочат на претстојните локални избори. После тоа, новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се обврзува да го врати Прилеп на правиот пат, затоа што Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа, се вели во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Изминатите 4 години го ставија Прилеп на дното од приоритетите на оваа Влада

Гордана Цветаноска

Ѓорѓиоски: Има ли Прилеп градоначалник?

Гордана Цветаноска

ОК ВМРО ДПМНЕ: Прилеп и прилепчани, отсекогаш знаеле да ја изберат вистинската страна!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе