11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вечерен концерт „Диши љубов“ во Цепенков

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ на 23 јуни, среда, од 20.00 ч ќе се одржи концертот „Диши љубов“ . На концертот ќе настапат Марија Јанчулеска на виолина и пијанистот Илија Иваноски, кои ќе отсвират две сонати за виолина и пијано од Леклаир и од Бетовен. Воедно на концертот гостин е братот на Марија Илија Јанчулески, кларинет, со кого првпат заедно ќе настапат.

Марија Јанчулеска,(виолина) потекнува од музичко семејство, под чија закрила
ги прави првите чекори и успеси во свирењето на виолина на возраст од осум години.
Основно музичко образование завршува во ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп, во
класата на проф. Весна Станкоска, средно музичко во Битола, две години во класата на
проф. Ванчо Стоилов и две кај проф. Валентин Наумов. Моментно е четврта година на
ФМУ во Скопје во класата на проф. Љубиша Кировски. Добитник е на бројни први и втори
награди во соло категорија во 2007, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017. Освоила
награди и на меѓународни натпревари. во категорија дуо освојува први награди на
интернационалниот натпревар по Камерна музика во Кавадарци и награда за најдобро
изведено германско дело. Зема учество на бројни концерти, манифестации, фестивали. Во
декември 2017 и јануари 2018 година реализира девет концерти во различни градови во
Италија како член на интернационалниот оркестар од Софија. Во ноември 2018 година има
концерт во Берлин, Германија, а со истиот секстет во јули 2019 год. свиреше во Холандија.
Има работено камерна музика со Уки Оваксаинен од Србија и Павел Дилежал од Чешка.
Од 2019 година е дел од оркестарот за филмска музика „Fames“. Во 2020 година настапува
во Сараево, БиХ заедно со Јаначек камаерен оркестар. Илија Јованоски, (пијано) основно музичко образование завршува во класата на
проф. Наде Стојкоска. Средно музичко образование отсек пијано завршува во Битола во
класата на проф. Маргарита Татарчевска и Јана Четелва – Белевска. Дипломира на ФМУ
Скопје во 2013 година во класата на проф. Тодор Светиев. Учествувал на бројни
натпревари по пијано и камарна музика, како и на бројни семинари. Од 2017 г. е професор
по пијано во ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Ќе се одржи изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо 2023“

Пела Редакција

Утре, во прилепскиот театар, премиерно, дуодрамата „Мендо и Мајло„

Елизабета Филипоска

ООУ „Рампо Левката“ го одбележува месецот на книгата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе