7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тешко е да се прекине маѓепсаниот круг на детските бракови

Оддвојуваме дел од сторијата „Маѓепсаниот круг на детските бракови“ како скриен феномен на трговијата со луѓе, од разговорот со г-ѓа Лејла Дервишагиќ, оперативната директорка на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје. 

„ Според годишните извештаи на Националната комисија за борба против трговија со луѓе повеќето од официјално идентификуваните се деца на возраст под 18 години. Во 2019 и 2020 година од 13 формално идентификувани жртви на трговија со луѓе, 10 биле деца. Сепак, бројот на потенцијални идентификувани деца – жртви може да биде повисок од забележаната официјална статистика, како што е случајот во 2019 та година, каде според извештаите од релевантни иституции и граѓански организации од 124 идентификувани потенцијални жртви, 85 се деца“- вели г-ѓа Лејла Дервишагиќ, Оперативната директорка на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, и нагласуваТешко е да се прекине магичниот круг на повторна виктимизација„-  вели таа.  „Во последниот извештај за спроведувањето на Конвенцијата на Европа во Советот на Европа за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија ГРЕТА смета дека националните власти треба да ги зголемат своите напори во областа на превенцијата на трговијата со деца преку зајакнување на капацитетите и ресурсите на професионалците за заштита на децата, подигнувањето на свеста за трговијата со деца и нејзините различни манифестации вклучувајќи го тука и принудниот брак“- потенцира Дервишагиќ.

Истражувањето е дел од проектот “MEDIA REPORTING ON TRAFFICKING IN HUMAN BEINGS IN NORTH MACEDONIA” и има за цел подигнување на свеста на ранливите заедници – Ромите за опасноста поврзана со трговијата со луѓе, со фокус на трговија со луѓе за детските бракови како скрена појава на трговија со деца. Исказите и сведоштвата служат како пример за детектирање и пренесување на јавноста за реалната слика за детските бракови во една од најранливите заедници – Ромите.

Оваа статија/сторија е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата изразени во истата го одразуваат мислењето на Европската Унија или на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Достапни за бесплатно симнување, аудио и ПДФ издание на Е-книгата „Балкански детски приказни“

Гордана Цветаноска

Младите во Прилеп бараат отворање на Младински центар  

(ВИДЕО)Пелагониско здружение – македонски мост за напреден економски развој

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе