7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Обвинувања за злоупотреби и криминал во ЈКП Пазари

Во Јавно комунално претпријатие „Пазари“ денеска се одржа средба со новинарите на која новиот директор Христијан Илиески посочи серија обвинувања поврзани со работата на претходното раководство. Ова е причина поради која, како што рече првиот човек на Пазари, претпријатието моментно се соочува со сериозни финансиски проблеми, а главно напорите се насочени кон исплата на наследените долгови.
– Се работело недомаќински, се крчмел имотот, се уништил ликот на еден од најубавите пазари во државата. Покриван е 4 пати, нестручно, неквалитетно, а 138м2 оставени се без покрив. Продажбата на млечниот пазар е сомнителна. За тоа ќе се води посебна постапка. Освен што Прилеп го изгуби млечниот пазар со вековна традиција, јавното претпријатие изгуби имот, дел од својот капитал.За продажбата беше срушен објектот и десетина дуќани околу него, кои што носеа приход на ЈКП „Пазари“. Згора на тоа, на сметката од јавното претпријатие не е ефектуиран ниту денар од продажбата. Првин беше продаден на КАМ маркетите, а потоа на Тинекс.
Посебна приказна е „Сточниот пазар“ кај терминалот. Угостителскиот објект во сопственост на фирмата е продаден за екстремно ниска цена од 800.000 денари, или 13.000 евра. За уредување на овој пазар, ЈКП „Пазари“ инвестираше 4 милиони денари, за да потоа со промена на деталниот план, Општина Прилеп им го одземе корисничкото право, што значи ЈКП „Пазари“ го изгуби и овој имот, потенцираше Илиески.
Наводно, новото раководство на ова јавно претпријатие во моментот на преземањето на функцијата на крајот на ноември, фирмата финансиски била во енормно тешка состојба, без ниту денар на сметката, а на 27-те вработени не им била исплатена плата. ЈКП должи по повеќе основи, потенцираше Илиески, а се прават напори да се подмируваат тековните обврски кон вработените за заостанати плати, долгови кон УЈП за ДДВ и други побарувања. Но, заложбите се да се врати еснафот и традицијата за „сабота на пазар во Прилеп“, а за тоа потребни се средства во висина од 4 милиони кои претпријатието очекува да ги добие како финансиска поддршка од Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Се што е договорено – ќе биде откупено, тврди Стомнароски претставникот на тутунарите

Гордана Цветаноска

Нови можности за легализација на дивоградбите

Прилепски „Гентерм“ времено под клуч

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе