11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Двометарски бек ќе биде новото ракометно засилување на РК Прилеп

Жарко Барјактаревиќ e нов ракометар на Прилеп! После Христијан Милошески и неколкуте продолжени договори со прилепските ракометари кои играа минатата сезона, РК Прилеп во наредната сезона ќе смета на Србинот Жарко Барјактаревиќ, кој после одличните партии минатата сезона, во тимот на Јуниор Кисела Вода го привлече вниманието на тренерот Горан Кузманоски и стручниот штаб на клубот,кој очекуви овој ракометар да биде големо засилување за новата сезона во Суперлигата.

Станува збор за исклучителен ракометар, висок 197 сантиметри, кој игра како десен бек, а својата кариера ја градел во екипите на Раднички Крагујевац, Железничар, Металопластика, Врање и екипата на Јуниор Кисела Вода. Во својата ракометна кариера Барјактаревиќ има настапи во ЕХФ Купот како и во дресот на јуниорската репрезентација на Србија ,со што потврдува дека без сомнение, Жарко Барјактаревиќ ќе биде големо засилување за престојната сезоната во РК Прилеп.

Би можело да ве интересира

ПОБЕДА ДАДЕ ТРИ ГОЛА ВО ЦРНО БУКИ

Гордана Цветаноска

Сите фокусирани на бокс – БК АС го положи испитот – организацијата фантастична (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Никола Димески

Коронавирусот и во Мак фудалот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе