7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сеземјоделски протест „ ИДНИНАТА НА ТВОИТЕ ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ“ на Петровден во Прилеп

Земјоделците од повеќе региони и сектори се договорија – наредниот понеделник ќе протестираат во Прилеп. На договорниот состанок викендов во Прилеп, присутните претставници на здруженија од  тутунопроизводители, лозари, градинари, сточари,  биле согласни дека време е да се изрази незадоволство од актуелната аграрна политика и ненавремената исплата на субвенциите.  Тие своите барања ќе ги достават до надлежните институции во земјава, но исто така за состојбата ќе ги запознаат и амбасадите, доколку Владата и ресорното министерство не преземат чекори за надминување на проблемите.

„Барањата кои ги упатуваме до надлежните институции се: веднаш исплата на сите заостанати субвенции, мерки и подмерки ковид пакетите за лозарите и тутунарите. За ова и во писмена форма ќе бидат известени Владата и МЗШВ. Исто така на средбата беше повторно актуелизирана лошата состојба на земјоделците во сите сектори и немањето на јасна визија и стратегија и целокупно отсуство на аграрна политика во државата. Имајќи предвид дека сеуште ги трпиме последиците од ковид кризата бараме за оваа тековна година, Владата како една од мерките кои треба под итно да ги преземи е: ослободување на земјоделците од закуп на државното земјоделско земјиште, ослободување од пашарина, ослободување од давачки за одводнување и наводнување како и изземање на даноци кои по разни основи ги оптеретуваат земјоделците. Доколку надлежните и понатаму не ги исполнат нашите барања ќе пристапиме во организација на масовни земјоделски протести и испраќање на писма до странските амбасади во државата со цел да ги запознаеме со каква ситуација се соочуваме како сериозно бројна категорија во општеството“, се вели во соопштението по средбата.

Нестабилноста во откупната цена на тутунот, градинарските култури и млекото ги стави на најниски гранки примарните производители, бидејќи сите сектори од аграрот се опфатени, а инфлацијата си го прави своето. Дополнитен проблем е покачувањето на цената на горивата.

Сеземјоделскиот протест ќе се одржи под слоганот „ИДНИНАТА НА ТВОИТЕ ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ“  на 12 јули од 10 до 12 часот пред општинската зграда во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Пет новозаболени од корона вирус во Прилеп, бројот на активни случаи се зголемува

Пиво-Фест 2022 – четири фестивалски вечери со музика и забава, ова се изведувачите…

Гордана Цветаноска

Тешка кражба во Прилеп, крадецот приведен

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе