7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крстески: Не функционалноста на салата “Македонија“ придонесува за уништувањето на градскиот спорт

Веќе три недели од Градоначалникот и од ОЈО чекаме одговор за искажаниот сомнеж за криминал во салата “Македонија. Дали самото молчење значи потврда дека некој е фатен со рацете во медот?„ – праша на прес конференција, Александар Крстески ,од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп, стојеќи пред салата „Македонија„ во Прилеп

Ова место и овој објект зад нас им е добро познат на Илија Јованоски и на спортистите,а сегашни функционери кои се сликаа пред него во 2017-та и ветуваа дека ова ќе биде најубавата спортска сала во Македонија. Искрено, овде не ветуваа затворен базен, ама ветувањата за стипендии, пензии, субвенции, награди за спортистите ги расфрлаа со зборови од улога на опозиција. Само лага до лага. Нефункционалноста на овој објект придонесува за уништувањето на градскиот спорт. Светски ракометни, кошаркарски и фудбалски легенди имале можност да се натпреваруваат овде пред “пеколната” прилепска публика. За жал денес и единствениот и понижен од Општината прволигаш РК”Прилеп” не може да се натпреварува во оваа сала. Последниот сериозен зафат овде беше пред 11 години кога “Жито Прилеп” целосно ја реконструираше оваа сала.

Градоначалниче, пратениче Миле Талески не ретко ве гледавме со топка во рака пред избори како глумите љубители на спортот. Денес во вашата рака треба да мафтате со список на уништени објекти, спортови и клубови во Прилеп. Нема ниту 10 квадрати нова или реконструирана спортска површина во градов. Јавноста заслужува да знае на кои клубови им беа доделени парични средства, и дали истите клубови постојат и се активни како такви? Се обрзуваме во иднина да преиспитаме каде завршиле парите на граѓаните. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара! Парите ќе бидат вратени кај вистинските спортисти. Казната следува во октомври. Нема спортист кој не е згрозен од вашиот начин на работа. Ќе го вратиме спортскиот дух во Прилеп!„ „- Александар Крстески ,од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп

https://www.facebook.com/okprilep/videos/227622822516304

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Кога Јанески планира да ги стави во функција фонтаните кои се украс на Прилеп?!

Николоски: на Пендаровски ќе му помогнеме да се исели од Македонија, но прво да одговара за злоделата

Пела Редакција

ОК ВМРО-ДПМНЕ: стадионот во Тополчани беше гордост за мештаните

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе