16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ЛЕВИЦА – ПРИЛЕП СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА НАЈАВЕНИОТ ПРОТЕСТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Со сопштени до медиумите Политичката партија Левица-ЛО Прилеп, дава поддршка на најавениот протест на земјоделците, во кој се вели:

Во време кога се гази по достоинството на секој земјоделец, кога некој друг заработува на трудот и грбот од производителот, кога оваа стопанска гранка е доведена сама да се снаоѓа без никаква помош од државата, Левица – Прилеп го поддржува револтот на земјоделците.Голем дел од нашите сограѓани, меѓукои и членови, кои егзистираат преку оваа гранка, се директно засегнати од овој проблем. Затоа, Локалниот огранок на Левица – Прилеп безрезервно ќе ги поддржи земјоделците!

Пробиени се сите законски рокови и обврски за исплата на субвенции и Ковид пакети од државата кон нив, доведени се во крајно незавидна финансиска ситуација и поради тоа се приморани да организираат протест на 12.07.2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12 часот.Да излеземе сите заедно сплотени, без партиски ознаки и да дадеме поддршка на тие што не’ хранат, а воедно на власта да и пренесеме остра порака дека знаеме што се случува но, нема да оставиме ова да трае уште долго! „-се вели во соопштението до јавноста од политичката партија, Левица-ЛО Прилеп.

Би можело да ве интересира

Проданоски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ в петок пред граѓаните – носител на Советничка листа Д-р Билјана Кржеска

Пела Редакција

Од ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп потсетија на предизборните ветувања од градоначалникот

Божиновски: Сите прилепчани треба да одат во музеј да го видат најстариот надземен храм (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе