7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево бара да се сертифицира како здравствено безбедна туристичка дестинација од Ковид

Крушево ќе го посетат експерти од Европскиот совет за туризам и трговија кои ќе ја проценат состојбата со градот како туристичка дестинација за да ја сертифицираат како здравствено безбедна во европски рамки. Потребата од ова сертифицирање доаѓа како резултат на се поголемите барања на европските туристи да посетуваат исклучиво места каде што ќе бидат безбедни од евентуално инфицирање со Ковид-19, а потврда за тоа ќе биде соодветен сертификат издаден од Комисијата.

„Очекуваме да добиеме потврда дека сме Ковид 19 безбедна дестинација. Тоа ќе придонесе да се истакнеме на европската туристичка мапа како безбедна дестинација и вредна, од здравствен аспект, за посета. Крушево ќе биде Covid free дестинација!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Експертите од Европскиот совет ќе престојуваат во Крушево од 4-ти до 9-ти август, а градоначалникот Христоски смета дека ова ќе биде голем придонес за локалните угостители, односно ќе се зголеми нивната работа со фактот што градот ќе биде сертифициран како дестинација која ги почитува сите здравствени мерки и протоколи.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп за 10-на дена ќе се отвори Центар за масовна имунизација

Елизабета Филипоска

Од ЦУК педупредуваа: При појава на грмежи и електрични празнењата внимателност при престој на отворен простор

Пела Редакција

ВМРО ДПМНЕ ги промовираше кандидатите за пратеници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе