ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Kонцерт „Музички вибрации“ на Македонски квартет труби

522

Во фоајето”  на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп утре 28 јули, од 19.00 ч. ќе се одржи концерт „Музички вибрации“ на “Македонски квартет труби”.

Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на Факултетот за музичка уметност во Скопје од кои двајца се и магистри по труба. (Бојан Митрески од Прилеп и Стојанче Косовски, Гоце Цоневски и Васко Рошков).

Концертот „Музички вибрации“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на музичко-сценска дејност за 2021 година. На концертот ке бидат изведени композиции од повеќе светски автори, како и две народни песни.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: