11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ДЕЈАН ГОРГИЕВСКА СО СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ГРАДИТЕ – ПРВИОТ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ТОКИО

Иако најавен како аутсајдер , новиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски е најубавата македонска приказна што годинава и се случи на Македонија која слави 30 години од независноста. Тој успеа во фуналната борба на своите гради да го стави сребрениот медал,кој блеска како злаен кога е во прашање македонската нација. Тој е и првиот таеквондист во историјата на олимпизмот во Македонија ,кој од Токио се враќа со историски најголем успех.

Иако рангиран на 14. место, Георгиевски на патот до финалето ги елиминираше светскиот првак од Куба, Рафаел Јуниер Алба Кастилјо (11:8), Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска (9:4) и вториот фаворит Кјо Дон Ин од Јужна Кореја (12:6).

После Могамед Ибрагимов кој освои бронза пред две децении, на ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, Македонија го има и вториот медалист во Георгиевски, кој е член на клубот Бутел, и денеска, качувајќи се на пиадесталот на победниците на ОИ, ја израдува цела Македонија.

А, веруваме и во нашата каратистка, Пулексенија Јованоска која на Олимписките игри во Токио,настапува во карате ката, на 5 август во 03 ч.

фото преземено од sport1.mk

Би можело да ве интересира

Во просториите на БК АС од Прилеп се организираа спаринг борби на високо професионално ниво (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Михаела Даноска се подготвува за остварување на олимписка норма

Гордана Цветаноска

Тренерот на ФК Победа си поднесе оставка – кој ќе ја води Победа идното коло?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе