15.5 C
Прилеп
сабота, 5 април, 2025
Пела Радио

КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА ФОЛТИН ВО ПРИЛЕП

Утре, (29 јули 2021/ четврток/) од 21.00 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата ФОЛТИН.

Концертот е по повод јубилејот 25 години од првиот концерт на Фолтин . Ќе биде промовирано најновото студиско издание “Симултан бакнеж”. Ќе се свират најновите и најубавите стари песни.
Влезот е бесплатен. Концертот во Прилеп е финансиски поддржан од Министерство за култура.

Битолска групата „Фолтин“, која постои од 1997 година се одликува со богата концертна активност, во светотот, на некогашните ЈУ простори и во Македонија. Во текот на 2016 година, групата одржала околу 40 концерти, а покрај тоа работела и на музиката за неколку македонски документарни филмови и за еден игран филм .

Членови на „Фолтин“ се:

Исто така, Марјан Станиќ е редовен надворешен соработник на групата, кој свири на повеќе албуми.

Би можело да ве интересира

Изложба на хартиени графички икони од XVIII и ΧΙΧ век во Бабанеделиното училиште во Прилеп

Елизабета Филипоска

60 години од смртта на писателот Стале Попов

„Прилеп Фолк Фест“ – деветто издание, вечер на современи македонски песни

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе