7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Промоција на Македонија2025 во Прилеп

Промоција на програмите и активностите на Македонија2025 како и можностите за образование на бизнис професионалци во Македонија, поврзување на бизнис професионалците и претставниците од дијаспората со домашните, како можностите за заедничка соработка имаше за цел денешниот настан. кој се одржа во компанијата Микросам Прилеп. Покрај другото станува збор за едукација во три вида на програми.
– „Лидер“ проектот, кој трае до 10 април. Млади професионалци од бизнис сферата можат да аплицираат на овој повик. Организираме и летно бизнис патување за млади членови од дијаспората, кои што можат да дојдат во Македонија и да се запознаат со нашата земја и нашето културно богатство. Најновата едукативна програма, во соработка со канадската организација „Кесо“, за мали, микро и средни претпријатија, со која ќе можеме да ја зголемиме нивната стручност и бизнис знаења, преку доаѓање на советници од Канада во Македонија, кои тука ќе престојуваат од две недели до еден месец. Оваа програма ќе биде официјално лансирана на 17 април во Скопје, потенцираше Ема Јакимовска, „Македонија 2025“.
Покрај тоа, преку низа активности невладината Македонија2025 има за цел вмрежување за побрз економски и образовен развој на Република Македонија.
– Во однос на едукативниот развој, имаме програми кои што ги реализираме во текот на годината, програми чија цел на крајот на денот е да се доусовршат нашите претприемачи, менаџери и директори, со цел тие да можат да допрат и до надворешни пазари и да можат да ја развијат понатаму економијата во Република Македонија. Економската цел ја остваруваме преку нашите настани за вмрежување, кои ги имаме во западноевропските градови, но исто така и во Америка, Канада и Австралија. Исто така тука е и самитот кој што е една платформа преку која ние секоја година носиме 50 спикери од секаде во светот, имаме публика од околу 450 гости од РМ, со цел да се вмрежат, да воспостават контакти и да можат да ги пласираат своите производи и услуги на светските пазари, рече Васе Ѓорѓиевска, „Македонија 2025“.
Промотивниот настан во Прилеп е втор по собирот во Тетово, а ќе следи и сличен настан во Штип на 22 март. Со овие активности се промовира Самитот на Македонија2025 кој е најголемиот настан од овој вид во Македонија и регионот. МК2025 Самит е динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, лидерството и иновациите. Следејќи го трендот на претходните години, и оваа година очекувани се 40+ панелисти, врвни експерти и високо рангирани регионални и глобални лидери.

Би можело да ве интересира

Снег во Пелагонија, на Плетвар сообраќајот се одвива нормално

Гордана Цветаноска

Состојбата со коронавирусот во Прилеп

Елизабета Филипоска

Дневен биланс за состојбата со корона вирусот во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе