29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

МВР со детали за двојното убиство и самоубиство во Прилеп

На 12.07.2025 во 21.20 часот во ОВР Прилеп К.Ч.(43) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечиле нејзиниот сопруг П.Ч.(43) и нејзиниот 13-годишен син и истата изјавила дека можно било да отишле во куќата на нивниот роднина П.Ѓ.(62) од Прилеп.

Од страна на полициски службеници била извршена проверка во домот на П.Ѓ. но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила ја отвориле вратата и кога влегле во куќата едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала.

Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, при што од полициските службеници било возвратено со пукање од службено оружје кон куќата. Денеска (13.07.2025) во 01.35 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт како последица од повреди од огнено оружје кај П.Ч., П.Ѓ. и 13-годишен малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. 

Би можело да ве интересира

Почина протоереј – ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво.

Муабети за театарот, утре во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Иваноски: Да учиме од наследството што ни го оставил Свети Климент Охридски

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе