7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Шифрирана азбука на Делчев за комуникација зачувана во Архивот – Документи стари еден век за Илинденскиот период

Државниот архив ја промовираше Брошурата посветена на нови, досега необјавени документи за Прилеп и Крушево од Илинденскиот период. Во неа се содржани записи од османлискиот период и повеќе илинденски сведоштва. Изборот и преводот на овие документи и редакцијата ги изготвија: Елена Чагороска, раководител на државниот архив во Прилеп, д-р Јасмина Дамјановска, м-р Гоце Стојановски и м-р Мустафа Алиоски.

Ова е приказна за едни нови документи, фотографии, акти кои не „осветлуваат“ нас, поточно нашето историско минато. Најавата дека прилепскиот архив (во соработка со битолското одделение, а  преку Државниот архив) дека токму во пресрет на Илинден (на 1 август) на јавноста ѝ предочува нови документи за славниот историски период, пред, за време и по Илинден, го побудува љубопитството.

Се презентира документација која јавноста првпат може да ја види: преведени турски документи од Османлискиот период, околу 300 биографии на илинденци кои учествувале во Илинденското востание и повеќе објавени, но, најмногу, необјавени документи за илинденскиот период. Сите ќе бидат презентирани и потврдени со каталог. Тоа се уште еднаш потврдени сознанија за борбата на македонскиот народ за создавање своја држава, а знаеме, Илинден е темел на нашата држава. Ваквите сеќавања и сознанија за овој, Османлиски период, се карактеристични, зашто, народот, почнувајќи од интелектуалците, па до најобичниот простодушен земјоделец кој работел на нивите, од Мариовскиот предел, од Прилепската, Битолската околија, учествувал и се организирал во Илинденското востание, вели за МИА Елена Чагороска, раководител на Прилепскиот архив.

Тајната ја чува шифрираната азбука на нашиот деец, Гоце Делчев. Тој ја составил и била основа за комуникација меѓу дејците, илинденците, помеѓу ителектуалците. Така функционирале и се организирале. На тој начин се праќале пораки за обезбедување оружје, за организирањето. Документот со шифрираната азбука на Гоце Делчев е еден од посебните архивски списи.

Би можело да ве интересира

Прилеп доби прифатилиште за кучиња, дали проблемот со кучињата скитници ќе биде решен?

Гордана Цветаноска

Над 100 археолошки експонати од исклучителна вредност содржи Лапидариумот во Прилеп

Гордана Цветаноска

Училиштната лабораторија во СОУ „Ѓорче Петров“ доби лабораториска опрема од Витаминка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе