11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Илинденско чествување во Прилеп

Со особена почит денеска во Прилеп се одбележаа двата Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и група граѓани одадоа почит на сите заслужни дејци и револуционери кои го дадоа животот за слободата.

„Денеска е 2-ри Август, на денешен ден пред 118 години илинденците го дигнаа востанието за ослободување на целиот македонски народ и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Се остварија вечните идеали и желбата за слобода на целиот македонски народ и оние борци и илинденци што ги дадоа своите животи за денеска да имаме слобода. Со потик на денешните и идните генерации, да се надеваме дека сето ова ќе вроди со плод во понатамошниот период на нашето општество, нашата држава да оди економски и културно се понапред понапред. Денес, на сите граѓани од Република Северна Македонија и на граѓаните од Општина Прилеп им го честитам 2-ри Август. Нека е вечен 2-ри Август“, посочи градоначалникот Илија Јованоски во своето обраќање. Со положување на свежи цвеќиња пред спомениците на: ‘Методија Андонов – Ченто’, ‘Кузман Јосифоски – Питу’, ‘Ѓорче Петров’, ‘Пере Тошев’ и на Могилата на непобедените, прилепчани уште еднаш им се поклонија на хероите.

Делегација од Прилеп присуствуваше и на чествувањата во Крушево.

Би можело да ве интересира

Сугарески: Аеродромите остануваат затворени, граѓаните да не резервираат билети!

Гордана Цветаноска

ИЗБРИШАНИ ЗБОРОВИ ОД СПОМЕНИКОТ НА „ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД„

Елизабета Филипоска

Краделе во каменолом, уапсени двајца прилепчани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе