7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Младенци-празник на младите и љубовта

Денеска, 22 март (9 март, старот календар ) или празникот на пролетта, младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Обичајот на Младенци е да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника. Овој  ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Младенци,денот на пролетната рамнодневица според многумина е вистински почеток на пролетта. Тој е наголемениот ден, во однос на оној во текот на зимата, сонцето е посилно, се појавуваат  птиците преселници, тое е дена на враќањето на вегетацијата, а во свеста на човекот се создавало мислењете дека е поминат критичниот период и дека во секој поглед доаѓаат поубави денови.

Празникот на Светите 40 маченици, познат во народот и како Маченици но и Мучејнци, а најчесто како Младенци, се држи како тежок празник и тогаш ништо не се работи. На овој ден се вели дека и пилците не правеле седело. Во Гевгелиско над вратите обесувале коприви како растение кое ги одбива несреќите.

Младенци е денот кога  се смета дека се затоплува воздухот и земјата и во некои краишта се верува дека на овој ден излегуваат змиите од дупките. На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината.

 

Би можело да ве интересира

Следниов викенд „Денови на Македонска фотографија 2019“ во Прилеп

Елизабета Филипоска

„Со почит кон…“ рок и поп концерти на прилепски групи на Камената бина

Пела Редакција

По 16 пат-Меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе