7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ТОФИЛОСКИ НЕСОВЛАДЛИВ ВО РОДНИОТ ПРИЛЕП

Шампионот, тетовска Шкендија одигра само 0:0 против Тиквеш, кој поради реновирањето на стадионот во Кавадарци, попладнево беше домаќин во Прилеп, на меч од 1 коло од Првата лига. Тетовчаните ја имаа инцијативата, со неколку шанси, но голманот Дарко Тофилоски едноставно не беше совладлив во родниот град. Сите опасни центаршутеви и шутеви од далечина беа негов плен, а два-три удара одблизу беа изблокирани или завршија над гредата. Одлично одигра кавадаречката одбрана предводена од Методија Делов и Стефан Наумчески, така што тетовскиот напад, на чело со Хебај Рубин остана без постигнат гол. Околу 1500 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ беа задоволни од прикажаното на двете екипи. Во следното коло, Шкендија-Ренова, а Борец-Тиквеш.

Тиквеш без Јорданчо

Во редовите на Тиквеш одиграа прилепчаните Дарко Тофилсоки и Стефан Наумчески, а отсутен беше Јорданчо Наумоски. Тој не беше ниту резерва. Причина е настинката која го држеше надвор од тимот веќе два дена.

Строго на влезот

Тешко се влегуваше во прилепскиот стадион. Обезбедувањето ги пушташе само службените лица. Фудбалери, тренери кои не биле в записник биле враќани назад. Среќа што имаше слободни места на трибината Север, па покрај кавадарчани, таму имаше и прилепчани. Групата од 150 кавадаречки навивачи беа на трибината Југ.

Би можело да ве интересира

Чантурија е нов тренер на РК Прилеп

Гордана Цветаноска

Победа на свој терен загуби бод

Победа поразена во Струмица

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе