15.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белистојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0.

Со сигурен и убедлив настап низ турнирот, македонскиот репрезентативец покажа одлична форма и најави успешна сезона, со очекувања за добри резултати и во сениорска конкуренција.

„Матеј Белистојановски со злато се враќа од Кипар – ова е момчето што не направи горди!“, пишуваат пораталите.

Уште еден медал за Македонија на ова првенство освои Немања Младеновиќ, кој стигна до сребреното одличје. Тој во финалето во кадетската категорија над 70 килограми беше поразен од Омар Ѓоргичијани од Грузија со 4-2.

Настапот на македонските каратисти уште еднаш покажа дека националното карате има сериозен квалитет, потенцијал и генерации кои ветуваат големи успеси и во иднина.

На Европското првенство учествуваат 1.205 натпреварувачи од 47 држави, што го прави едно од најмасовните карате-натпреварувања во Европа.

Би можело да ве интересира

Втор меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре, Прилеп 2023

Прилеп домаќин на ракометниот Ф4 за кадетки

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Миркуловски – Победата против Данска за мене е триумф на сите времиња (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе