16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Можете да проверете дали сте на избирачкиот список

Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17 октомври, своите податоци во Избирачкиот список ќе можат да ги проверат уште сега преку веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/.

Официјално, јавниот увид на Избирачкиот список за изборите ќе започне на 21 август и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за закучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Би можело да ве интересира

(ФОТО – ГАЛЕРИЈА) Крушево по стапките на Швајцарија – го чисти пластичниот отпад

Гордана Цветаноска

Хепатитс Б и Ц – подмолна болест која годишно “убива“ 1,34 милион луѓе

Елизабета Филипоска

Таблата на споменикот од Александар Македонски во Прилеп не издржа ниту еден ден

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе