7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна постапката за собирање потписи за независните листи за локалните избори

Од денеска започнува постапката за собирање на потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори согласно Роковникот на Државната изборна комисија. Постапката завршува на 30 август на полноќ.

Потписите се собираат пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од Комисијата во терминот од 8 до 20:00 часот, а на 30 август до полноќ.

Подносителот на листа определува пред кои нотари ќе се собираат потписи и за тоа ја известува ДИК, која на својата интернет страна ќе ја објави листата на нотари пред кои подносителите на листа собираат потписи.

Трошоците за собирање на потписи пред нотар ги сноси подносителот на листата, а секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидат за градоначалник.

Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на општината.

  • Кога подносител на листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, потребно е да се соберат во општината до 10.000 жители најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината
  • во општината од 10.001 до 30.000 жители најмалку 150 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината
  • во општината од 30.001 до 50.000 жители најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината
  • во општината од 50.001 до 100.000 жители најмалку 350 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината
  • во општината над 100.001 жители најмалку 450 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината и во градот Скопје најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на подрачјето на градот Скопје.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ОИК.

ОИК врши проверка на листите најдоцна во рок од 24 часа од приемот на листата и исто така доставува барае за проверка на податоците од листата до институциите веднаш или најдоцна 24 часа по поднесувањето односно на 12 септември. Институциите се должни повратните информации до ДИК да ги достават во електронска форма за 24 часа.

Доколку ДИК утврди дека листата е составена согласно Изборниот законик ја потврдува во рок од 24 часа, додека доколку се утврдат неправилности или пропусти им се дава 48 часа на подносителите да ги отстранат. Откако ќе се констатира дека листата е во согласност со Изборниот законик се потврдува со решение.

  • Во случај на неправилности од членот 67 став 2 од ИЗ, Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги
    исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е должен самиот да ги обезбеди доказите за исполнување на условите предвидени во член 7 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик (член 67 ст. (4), се предвидува во Роковникот на ДИК.

ОИК по потврдување, листите на кандидат/и ги доставува до ДИК заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати веднаш по потврдувањето на листите односно најдоцна на 18 септември.

Најдоцна на 23 септември ДИК на својата веб страна, а ОИК во сите население места ќе ги огласи утврдените листи за градоначалници и за советници.

Кампањата за локалните избори започнува на 27 септември на полноќ и трае до полноќ на 15 октомври.

Би можело да ве интересира

Општина Кривогаштани објави јавен повик за учество во обука на негуватели за помош и нега на стари лица

Гордана Цветаноска

Прилепскиот Совет ја започна постапката за општинска обврзница

Гордана Цветаноска

Кои улици утре ќе останат без струја?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе