Крушево има чест на 8 ми Септември да чествува два големи празници – државноста и независноста на Македонија и ослободувањето на Крушево.
По повод денот на ослободување на Крушево, 8 ми Септември, се одржа свечена седница на советот на општина Крушево, на кој беа доделени признанија и награди на поединци, спортисти, институции, организации, правни субјекти, кои дали придонес во развојот на општина Крушево .
Осмосептемвриски признанија градот им додели на: Европскиот Совет за туризам и трговија од Букурешт за посебен придонес во афирмација на Крушево во областа на туризмот, СОУ Наум Наумоски Борче , за посебен придонес во одржување и негување на традицијата – со манифестацијата „”Дева – во чест на новото раѓање”, на пливачкиот клуб, на Здравствениот дом – Крушево, на спортистот Софија Хасани, на Марија Наумоска Андрееска за достигнувања во областа на образованието, на Далибор Петрески за достигнувања во областа на спортот и на Теодор Николоски, за достигнувања во областа на образованието.
Највисокото, најпрестжното признание на градот Крушево ,кое се додлува секоја година по повод 8 -ми Септември, Денот на ослободувањето на Крушево, Осмосептемвриската награда им припадна на менаџментот на хотел Панорама, за особен придонес за развој и инвестирање во туризмот.
Свечената седница на Советот на општина Крушево се одржи на летната сцена (музеј на НОБ) и беше пренесувана онлајн
По повод 8-ми Септември Денот на ослоодувањето на Крушево и празникот на независноста на Република Македонија беше положено и свежо цвеќе на хероите кои го дале својот живот за независна , суверена и слободна држава .