7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Оставка како морален чин поднесе Министерот за здравство Филипче и уште тројца

Министерот за здравство Венко Филипче, под притисок на јавноста, покажувајжи воедно и чувство за морална одговорност понуди оставка од морални причини од неговата министерска позиција. Нешто пред него, оставка, како „највисок морален чин“ и почит кон жртвите, поднесе и заменик министерот за здравство, Илир Хасани, како и двајцата раководители на Тетовската болница, Бесими и Етеми, чувствувајќи морална одговорност за трагедијата во нивниот ковид-центар.

Филипче при пуштање на модуларната болница во Прилеп

Како лекар и министер имам интегритет, затоа од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, изјави Филипче на прес-конференцијата. Жалам за загинатите, сочувствувам со семeјствата. Нема зборови што тоа може да го опишат, ниту начин да се надомести загубата“, кажа Филипче, заблагодарувајќи се на сите кои веруваа во него и го поддржуваа во неговата работа, како и во одговорните задачи и предизвици со кои се соочувал особено во осумнаесетина месеци, за време на пандемијата.

Никогш не се одкажав од битката да ја победиме пандемијата, со единствена цел да се заштити здравјето на граѓаните.Последната трагедија во Тетово силно ме погоди„, рече тој при своето обрајќање на прес конференцијата.

– Истрагата помогната со меѓународни експерти ќе ги даде сите одговори, СДСМ изразува почит за одлуката на Филипче – се вели во соопштението на СДСМ по оставката на министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

Од дeнеска во Прилеп ќе се прават ПЦР тестови

Елизабета Филипоска

Повеќе улици во Прилеп и две села ќе останат без напојување со електрична енергија

Пела Редакција

Прилеп: 4 нови случаи позитивни на корона, едно лице почина

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе