29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

В понеделник отворен ден на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Во рамките на уписните рокови, СОУ „Орде Чопела“ Прилеп прво меѓу средношколските центри во општинава в понеделник, на 22 мај организира отворен ден. Целта е идните средношколци, нивните родители,да се запознаат со едукативните сектори кои ги нуди ова училиште, со изведувањето на практичната настава, со дуалното образование и кои се перспективите при избор на одредени занимања и струки.

Отворениот ден ќе се одржи во периодот од 10 до 14 часот.  Преку разговори со професорите и учениците, во кругот на училиштето, на повеќе штандови со промотивен материјал, со посета на работните простории и лаборатории, идејата е посетителите да добијат појасна слика за едукативно – практичната настава во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.

Би можело да ве интересира

На домашна слава 12 мина се затруле со скара од Прилеп

Победничка премиера на РК Прилеп

Пела Редакција

„Градиме мостови на пријателство“- 40 деца од три пелагониски општини отпатуваа во Романија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе