11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Крушево театар „еден маж и повќе жени“

Дека Крушево целосно се враќа со туристичка и културна понуда е доказ рестартот на театарските претстави, предводени од талентираните крушевски актери. В петок, во 19 и 30 часот, во оспособената сала за театар и кино, во горната училишна зграда, ќе се одигра претставата Еден маж и повеќе жени во изведба на Михајло Миленкоски, Захарија Ангелеска и Аница Бебиќ.

Текстот е работен по мотиви на истоимениот драмски текст од Леонид Зорин, чиишто превод, адаптација и режија се на Захарија Ангелеска. Ова е четврт авторски проект и за прв пат ќе биде поставен во Крушево, но и на театарската сцена во Македонија.

Еден маж и повеќе жени ”е претстава која ве поканува во светот на Гарунски, маж кој е зашеметен од низата изненадувања кои му ги приредуваат жените околу него. Создадени од истата природа, жени обединети, кои постојано се менуваат – една е премногу обична, друга премногу вознемирена, една премногу добра, друга премногу авторитетна, трети очајни или неизлечиво романтични, успеваат да го трансформираат Гарунски во мажот на денешницата. Тоа е една константна борба помеѓу половите – тема која потсетува на разноликоста и спектарот на нивните мисли и дејствувања. Но, ако некогаш беше актуелно дека мажите се од Марс, а жените од Венера, денес ќе се запрашаме од каде всушност доаѓаат нашите битија и на што сé се спремни, за да остават трага во историјата на своето постоење. Оваа претстава преку нејзината едноставност ќе ви ја долови деликатноста на прашањето ” Што сум јас? “, се вели во најавата за настанот.

Влезот за оваа невообичаена, филозофкса и интересна театарска престава е 150 денари, а местата се ограничени поради протоколите за заштита од Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Прва изложба на Оливер Маринкоски во Прилеп

Новогодишна книжевна разгледница со дела од прилепскиот Клуб на литературни творци

Гордана Цветаноска

Медена земја во Прилеп го проследиле над 2 илјади филмски вљубеници

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе