3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПОБЕДА – ВАРДАР ОД 15, ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ ОД 18.30 ЧАСОТ

Пред прилепските љубители на фудбалот и ракометот е интересен ден. Во рамките на 1. коло од Купот на Македонија во фудбал,  во 15 часот е дербито Победа – Вардар. Се игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Доколку нема победник по 90 минути игра, веднаш се изведуваат пенали. Ова е трет дуел летово на овие екипи.

Претходно, на турнирот во Кавадарци беше 0:0 со победа на прилепскиот состав по изведувањето пенали, а на пријателскиот меч во Прилеп пак беше нерешено, 1:1. За денешниот натпревар главен судија е Јован Качевски, помошници Разме Бакрачески и Климент Ристоски, четврти судија Садик Таири(сите од Струга). Делегат е Драган Блажпвски (Скопје), контролор Ванчо Коцев (Штип).

 

Во врска со ракометот, во машката ракометна Супер лига, во рамките на 2. коло екипата на РК Прилеп е домаќин на скопски Металург. Мечот е во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со почеток во 18.30 минути. Судии се Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, делегат Игор Огненов (сите од Битола).

Се игра без публика во салата, но ракометните љубители ќе можат да гледаат на овој линк: https://www.youtube.com/watch?v=GfWbBrS-pbQ

Претходно, во 1. коло, Прилеп со минимални 28:27 загуби од Бутел во Скопје, а Металург со 22:24 во својата сала од Пролет.

Би можело да ве интересира

„Петорка“ на Победа против Тетекс во првото коло од ВФЛ

Пела Редакција

ПОБЕДА Е ЕСЕНСКИ ПРВАК, СО ПОМОШ И НА БЕЛАСИЦА

Елизабета Филипоска

Ако обезбеди опстанок – Победа ќе има европски буџет

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе