7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Протести на Македонците во Њујорк против промена на името

Во организација на Меѓународното македонско движење за човекови права од Њујорк и Њу Џерси, вчера во Њујорк се одржа протест против промена на уставното име на Македонија.
Македонските иселеници го изразија своето незадоволство од досегашниот тек на разговорите за разликата која Грција ја има со уставното име на Македонија, како и од улогата на медијаторот Метју Нимиц, за кој порачаа дека е „бескорисен“ и треба да биде променет.
Од протестoт беа испратени пораки до Обединетите нации да ја почитуваат сопствената Универзална резолуција за човековите права, а до Владата во Скопје беше испратена порака „да не ја распродава Македонија и националните интереси“.

Би можело да ве интересира

Снег во Крушево – Многу дожд во Прилеп, а најмногу во Битола

Радио Пела второ по слушаност од локалните радио станици во Македонија

Гордана Цветаноска

Општина Прилеп и руската амбасада го одбележаа Денот на победата над фашизмот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе