3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Заврши дипломатската мисија на Веле Трпевски, амбасадор на Република Македонија во Австралија

Амбасадорот на Република Македонија во Австралија Н.Е Веле Трпевски ја заврши својата дипломатска мисија во Австралија. Пред заминување за Република Македонија македонската заедница од Сиднеј како знак на благодарност на неговата успешна мисија организираше свечен ручек. Во свечената сала на Долтон Хаус повеќе членови на заедницата се собраа да му изразат почит и да се заблагодарат за неговата работа и на амбасадорот и неговото семејство и да му посакаат среќен пат и успешна кариера.
Од членовите на заедницата поздравен говор одржаа повеќе членови на повеќе македонски друштва и организации.
Амбсадорот Трпевски дојде во Австралија пред четири и пол години. Во Австралија го затекна ситуација во која амбасадата заради несовесно работење на претходните амбасадори имаше изгубен кредибилитет кај македонската и австралиската јавност. Затекна поделена и неефикасна заедница изморена и истрошена. Во македонската заедница ќе остане запаметен и за пример неговиот професионален пристап и дипломатските вештини со што самиот тој помогна во нејзиното обединување.
Исто така ја врати довербата и почитта на Австралиските политичари во амбасадата и Република Македонија.За време на неговиот мандат амбасадорот Трпевски беше вклучен во повеќе хуманитарни акции заедно со македонската заедница од кои ги издвојуваме Хуманитарни финансиски средства за помош на настраданите во поплавите во Македонија на која се собраа повеќе од 250 илјади австралиски долари , потоа помош во опрема за болницата во Скопје во вредност од 2,5 милиони долари, повеќе хуманитарни акции за помош на заболени лица и многу други активности. На повеќе заинтересирани компании им помогна во нивниот интерес за инвестирање во Македонија од кои неколку се реализираа.
И покрај работа со ограничени финансиски средства и помалку од минимален персонал- (двајца вработени) амбасадата во неговиот мандат им излезе во пресрет на многу Македонци кои имаа потреба од документи, полномошна пасоши и разни правни потреби и совети.

Извор „Шило“

Би можело да ве интересира

ПЕЛА СТОРИЈА : Креативни наставници – задоволни ученици во ООУ Страшо Пинџур – Мало Коњари (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Прекини на водоснабдувањето во Прилеп и во повеќе крушевски населени места

Пела Редакција

Заврши потрагата по Весна. Пронајдена во водите на Вештачкото езеро

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе