11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Нудиме повеќе сообраќајни решенија за побезбеден Прилеп

Проекти за решавање на сообраќајните проблеми денеска на прес конференција промовираше кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ д-р Борче Јовчески.

“Почитувани прилепчани и претставници на медиумите,

Сигурно ќе се согласите со мене дека сообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќајот и како возач, но и како пешак или велосипедист.

Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со кои што сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.

Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај Новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.

Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.

Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.

Свесни сме дека правецот Крушево – Прилеп како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедски и пешачки патеки.

Со тоа граѓаните а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.

Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со кој што секој прилепчанец ќе се гордее.

За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа, “рече Јовчески кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Јовчески: Пред вас стоиме со гордо крената глава заради нашата чесност и искреност!

Гордана Цветаноска

Алексоски: Прилеп заслужува да биде економски силен град!

Гордана Цветаноска

Досега познати 4 имиња на кандидати за градоначалници за Прилеп, привршува собирањето потписи за независни листи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе