16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ЗА РК ПРИЛЕП ПРЕСУДЕН БЕШЕ ФИНИШОТ ОД ПРВИОТ ДЕЛ

Во натпревар од 5. коло на машката Супер лига, РК Прилеп со 24:30 загуби од РК Еурофарм Пелистер 2. Битолчаните ја имаа иницијативата од почетокот на мечот, но младиот прилепски состав, најмлад во лигата, бргу успеа да воспостави рамнотежа. Така беше се до финишот од првото полувреме. Тој период, се чини, е одлучувачкиот. Гостите направија разлика од 6 гола, која натаму беше недостижна. На одмор се замина со 10:16, а и во продолжението соодносот беше, речиси, неизменет. На крајот конечни 24:30 за Еурофарм Пелистер 2.

Во следното, 6. коло, РК Прилеп му гостува на РК Тиквеш во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

( Фото – Видео) Пионерите нa ФК “Победа“ го освоија Купот на Македонија и го донесоа пeхарот во Прилеп

Наумоски: Кога играте против големите клубови нема што да загубите

Никола Димески

Завршница на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе