11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Бозоски: Грижата за животната средина, ќе биде во фокусот на нашето работење

На денешната прес конференција во ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп се обрати Диме Бозоски, кандидат за советник од редовите на партијата, кој ги посочи проектите кои се однесуваат на грижа за животната средина:
„Ќе го уредиме речното корито во потег од мостот кај касарните до вливот во градската река. Изработка на проекти за мини прочистителни станици, како предуслов за добивање чист воден тект и средување на кејот на градската река која ќе добие нов урбан изглед.
-Обновување на постојните дрвореди во градот со досадување на нови садници и површини со зеленило.
-Промена на оштетени светилки и оштетени прскалки и ресконструкција на постојните паркови во центарот на градот и приградските населби, како и во и населените места (парк Суд, парк Варош, парк Точила, паркови во Мало и Големо Коњари).
-Реконструкција на уништените паркови и спортски терени и изградба на нови. Комплетна реконструкција, обновување и збогатување со нови содржини на Паркот на Револуцијата.
-Партерно уредување со паркови и зеленило во населба Точила околу К-згради.
-Поставување на автоматски системи за наводнување на парковите“, посочи Диме Бозоски, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп.

 

https://www.facebook.com/okprilep/videos/581221316484948

Би можело да ве интересира

Илиеска: СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда и најдобриот кадровски состав

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Од Могилата на Непобедените, митинг на ВМРО ДПМНЕ најави Јовчески, а Проданоски посочи дека неможе да се менува историјата

Елизабета Филипоска

Во трка за власт – прилепска Пелагонија има 19 кандидати за градоначалници и 33 советнички листи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе