26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Илиеска: Планираме серија мерки за подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради

Во изјава за јавноста носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата Моника Грашеска-Илиеска ги посочи најважните мерки кои се однесуваат на грижата за околината:

„Заштитата на животната средина е наш императив и тоа го потврдуваме со серијата на мерки, кои ќе ги спроведеме во следните 4 години. Свесни сме дека голем број на објекти во нашата општина, се’ уште имаат низок степен на енергетска ефикасност. Тоа важи за многу индустриски, државни и општински објекти, но најголем дел се објекти за колективно и индивидуално домување.
Знаеме дека постојните, дотраени фасади, се причина за зголемена потрошувачка на енергенсите за греење, што пак директно придонесува за зголемување на загадувањето на животната средина. Имајќи го предвид сето тоа, предвидуваме замена на старите фасади на станбените згради од сите делови на градот, со нови енергетско-ефикасни. За исполнување на таа цел, во рамки на секоја буџетска година, со одлука на Советот на општина Прилеп, ќе се издвојуваат неопходните средства за тековно уредување на надворешниот дел од колективните станбени единици.
На тој начин, придонесуваме за почист воздух и здрава животна средина за сите, како и за значителна заштеда на средства во домашниот буџет на граѓаните кои живеат во колективните згради,“ посочи носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата  Моника Грашеска-Илиеска.

 

Би можело да ве интересира

Сугарески: Градиме нов кружен тек кај новата автобуска станица

Сугарески: Планираме доуредување на градската река

Сугарески: Меѓу Шаторов камен и Топташ, ќе го реализираме проектот „Семеен парк Прилеп“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе