12.1 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Јовчески на митинг пред прилепчани најави паркови, реконструкција на плоштади, нови лик на прилепската река…

На митингот на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп, кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески најпрвин на сите им го честита големиот македонски празник, 11-ти Октомври, денот на започнувањето на македонската револуционерна борба против фашизмот. А, потоа нагласи дека и покрај се направено и ненаправено, не сака да ги навредува своите политички противници.

 

„Колку и да се обидувам да одбегнам да дискутирам на одредени теми, некои работи едноставно не смеат да поминат без коментар. Ми пречи кога народот е: лажен, украден и обезличен. Странските инвестиции се мисловна именка, а нови работни места, лага во која што веќе никој од младите прилепчани не верува.Прилеп и прилепчани, заслужуваат многу повеќе! Ние, прилепчани, сме познати по нашата гордост и борбеност. За жал, после изминатите четири години и владеењето на СДСМ, на Прилеп му требаат коренити промени и реформи и тоа во сите сегменти, тоа е факт. Она што можам да ви го ветам, е дека јас не ветувам тоа што не можам да го исполнам. Јас и мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нашите коалициони партнери, го ветуваме само она за кое сме сигурни дека ќе го исполниме. Бидете убедени во тоа“, вели Јовчески.“- рече Јовчески и додаде:

 

“Уште од почетокот на мојот мандат, заедно со мојот тим составен од професионалци во своите области, ќе се остварат повеќе значајни проекти: 1. реконструкција на плоштади, 2. паркови во градот и населените места, 3.  инфраструктурно доуредување на индустриските зони, 4. комплетна реконструкција на влезовите во градот, 5.ќе има нови 500 слободни места, со планираните изградби на нови градинки, доизградби на постоечки како и реадаптација на училишни простори, 6. прилепската река ќе добие нов лик, 7.ќе ги спречиме и нервозите со паркинг простор, со изградбата на монтажни катни гаражи, 8. за љубителите на домашни миленици, ќе изградиме парк по сите стандарди, 9. старата градска чаршија ќе биде обновена и ќе заживее, 10. планирана е и изградба на неколку кружни текови, 11. ќе изградиме и обиколници, со промена на режимот на сообраќај за тешки товарни возила кои ќе се движат по нова траса, нема да биде засегнато градското подрачје, 12. Прилеп ќе биде напреден и модерен град, со користење на обновливите извори на енергија, на сите објекти во надлежност на локалната самоуправа ќе бидат поставени фото-волтаични панели, 13. ќе ги реконструираме уништените спортски терени и ќе изградиме нови, 14. Прилеп заслужува чист воздух и здрава животна средина. Затоа, ќе ја доизградиме и пуштиме во употреба фабриката за отпад“, посочи  Јовчески и нагласи дека нема да ги заборави ниту населените места

А, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека не смееме да се откажеме од борбата за подбор утре и во овие моменти на македонската историја време е  граѓаните да станат во борба за повисоки вредности, одосно ,како што рече тој, „за Македонија каква што ја заслужуваме и на овие избори токму со победата во Прилеп ќе започне крајот на распродавањето на македонските национални интереси„ -рече тој пред прилепчани.

 

Би можело да ве интересира

Славе Петрески кандидат за градончалник на движењето ЛДП-ДОМ

Елизабета Филипоска

Сугарески и кандидатите за советници на СДСМ и коалицијата: НАЈДОБРОТО ЗА ПРИЛЕП ШТО ГО САКАШ!

Гордана Цветаноска

Лашкоска: Кога имаше можност најмногу да му помогне на Прилеп, Сугарески ја направи најголемата штета

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе