7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

КАКО СЕ ГЛАСА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ?!

Како и порано, гласачите мора да имаат важечка лична карта или пасош, со која ќе се идетификуваат пред изборачкиот одбор. Тогаш се скенира десниот показалец, а отпечатокот мора да се совпадне со оној во системот, направен при вадење на лични документи. Избирачкиот одбор мора да добие повратна информација од системот дека отпечатоците се совпаѓаат и лицето го нема остварено своето право на глас.

„Доколку уредот не може да најде совпаѓање на отпечатоците од прсти, сигнализира со жолта боја. Во тој случај избирачкиот одбор го идентификува гласачот преку важечка лична карта или пасош и проверува дали гласачот е запишан и дали е потпишан во печатениот избирачки список. Доколку се утврди дека гласачот го има во печатениот Избирачки список и нема гласано, се внесува во уредот преку отчитување на личниот документ на скенер или со преку внесување на матичниот број“, соопштија од ДИК.

Гласањето на локалните избори  започна во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот. Право на глас има секое лице што е запишано во изводот од избирачкиот список и поседува важечки документ за лична идентификација – лична карта или патна исправа.

ПОСТАПКА НА ГЛАСАЊЕ

Гласачите пристапуваат да гласаат еден по еден. Избирачкиот одбор ќе го провери личниот идентитет на гласачот. Личниот идентитет се докажува со важечки личен документ и со отпечаток од прсти. За важечки личен документ се смета: важечка лична карта или важечка патна исправа или лична карта чија важност
истекла во периодот од распишување на изборите до денот на нивното одржување.

Гласачот нема да може да гласа доколку нема еден од претходно наведените важечки лични документи или доколку отпечатокот од прсти не се совпаѓа со отпечатокот од прсти во електронскиот избирачки
список, иако го има во Избирачкиот список.

Избирачкиот одбор врши проверка дали гласачот претходно гласал. Потврдувањето на идентитетот и проверката дека гласачот нема гласано претходно се врши на тој начин што на гласачот ќе му биде
земен отпечаток од показалецот од десната рака.  На екранот на мониторот ќе се појави слика на гласачот и редниот број во избирачкиот список, по што гласачот ќе стави потпис во избирачкиот список.

По завршувањето на оваа постапка, на гласачот ќе му се издадат гласачките ливчиња, едно за избор на градоначалничка/градоначалник на општината и едно гласачко ливче за избор на советници и советнички во Советот на општината, при што на гласачките ливчиња им се става печат од гласачкото место на местото предвидено за ставање на печат.

Се гласа самостојно зад гласачкиот параван со заокружување на редниот број пред само еден кандидат со пенкалото што е оставено во параванот.

Со заокружување на повеќе кандидати, внесување дополнителни симболи, пишувања на страна, или одбележување на ливчето со фломастер или пенкало во која било боја освен сина, гласачкото ливче
станува неважечко.

Откако ќе гласа, гласачот го превиткува секое гласачко ливче поединечно и го пушта во соодветната гласачка кутија.

Се зема документот за лична идентификација и се напушта гласачкото место.

Би можело да ве интересира

Славе Петрески кандидат за градончалник на движењето ЛДП-ДОМ

Елизабета Филипоска

(Видео) По повод 11-ти Октомври СДСМ одржа граѓански марш до Могила и митинг

Елизабета Филипоска

Јовчески на митинг пред прилепчани најави паркови, реконструкција на плоштади, нови лик на прилепската река…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе