7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од идната недела на д-р Борче Јовчески ќе му започне мандатот за градоначалник

Ниту една политичка партија досега не поднела приговор во писмена или електронска форма до ОИК – Прилеп, за текот на изборниот процес во првиот круг од Локалните избори. Сите податоци се обработени и доставени до ДИК и се чека да поминат роковите.

– Ќе се добијат уверението од ОИК за новоизбраниот градоначални и советници, откако ОИК ќе ги прогласи за конечни резултатите за избор на градоначалник и за членови на Совет на ниво на територијата на општина Прилеп. Тоа значи дека веќе од наредната недела, општина Прилеп , може да има нов градоначалник. Со доделувањето на уверението за градоначалник, истовремено се доделуваат и уверенијата на советниците , односно мандатот на градоначалникот е врзан со мандатот на Советот,  изјави Валентин Божиноски, претседател на ОИК-Прилеп.

Во Прилеп на избирачките места излегле 63,80 % од електоратот или 40.472 граѓани.  Новиот градоначалник, Борче Јовчески, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, освои 22.196 гласови или 58,84 % од избирачкото тело, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Сугарески освои 14.655 гласови.

Во идниот состав на Советот на општината, ВМРО ДПМНЕ  и коалицијата „Обнова на Македонија„ ќе има 15 советници, СДСМ и коалиција „Најдоброто за мојата општина„ 10 и Левица со 2 советника.

Би можело да ве интересира

Предупредување за движење – боево гаѓање во Општина Кривогаштани

Елизабета Филипоска

Бројот на новозаболени расте, здравствената тензија не попушта

Елизабета Филипоска

Проданоски: Прилеп не е безбеден град, ќе бараме одговорност и итно сменување на командирот на полициската станица

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе