Во гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, уште 2 месеца продолжува наставата од далечина поради обемните градежни активности со реконструкцијата на училиштето.
“Во училишниот објект, нема услови за реализација на наставата. Со привршувањето на градежните работи и кога учениците ќе бидат безбедни во училиштето, наставата ќе продолжи со нивно присуство во подновената Гимназија и во подобри услови”, стои во информацијата на официјалната веб страна на Гимназијата, каде се објавени и повеќе фотографии за моменталната состојба со градежните работи.