11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

40 џудисти од трите прилепски клуба Сеишин, Санкаку и Прилеп на заедничко полагање

Во техничка организација на ЏК Сеишин се одржа полагање за ученички кју појаси. Инетерсна е тоа што, по две години пауза, поради Ковид состојбата , на полагањето учестуваа заедно џудисти од три прилепски клубови: Сеишин, Санкаку и Прилеп,  дурги и комисијата беше составена од трите клуба.  На полагаа за ученички кју појаси учествуваа  40 џудисти.

Оргнизаторите велат дека соработката меѓу клубовите е основата за напредок и успех на џусото, бидејќи со тоа се стекнуваат нови искуства на техничко-тактички и психо-физички план, а дружбата е духот на заедништвото и тимското делување.

„Полагањето се одвиваше согласно новиот правилник за полагање ученички појаси-степени почнувајќи од 8 кју бело-жолт до 2 кју – син појас. Истото беше спроведено од тричлена мешовита комисија од наведените клубови, додека за регуларноста беше задолжен претставникот од Џудо Федерацијата, воедно и Претседател на Дан комисијата, Ѓуро Илиќ 6 дан. Техничкиот организатор, комисијата и претставникот од Федерацијата беа задоволни од прикажаното особено што прилепските клубови спеоведуваат испит за полагање по скоро две години пауза. Полагањето се одвиваше согласно протоколите за заштита од Ковид-19“, истакнуваат организаторите на полагањето.“пишува порталот Ипон.мк

Би можело да ве интересира

ТРЕТА ЕСЕНСКА ПОБЕДА НА РК ПРИЛЕП

Елизабета Филипоска

Награди за најдобрите пионерски екипи од хуманитарниот светиниколски турнир

Гордана Цветаноска

Две пријателски фудбалски средби во Прилеп: БРАТСТВО ДАДЕ ОТПОР, ПОБЕДА РЕМИЗИРА

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе