16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Победа не успеа да ја продолжи победничката серија

По пет триумфи во низа, Победа не успеа да ја продолжи победничката серија. Екипата на  Пехчево Кит Го и Победа одиграа без победник (1-1) во дербито на 10. коло од Втората лига – Исток.

Прилепчани после шест минути во вториот дел се најдоа изненадени, откако младинскиот репрезентативец Љупче Кудев погоди во нивната мрежа за водство на Кит Го. Но, Бојан Спиркоски во 75-та израмни и потоа следеше завршница во која пречката на домаќините спречи нова радост за прилепчани.

За пет секунди буквално во последната минута од судиското надполнување, Победа двапати погоди во пречката и не успеа да стигне до комплетен пресврт за триумф и да се издвои на лидерското место, па сега со 23 бода е лидер барем еден ден, бидјеќи веќе утре, Слога Виница, има шанса да ги прескокне,бидејќи гостува кај најслабиот тим во лигата Братство Житоше

Би можело да ве интересира

Каралиоска е дел од македонскиот национален тим У-17 за европските квалификации (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Кога ќе се одржи жребувањето за Светиниколскиот турнир во мал фудбал?

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Илиески : И недостаасуваше на репрезентацијата можеби повеќе “спортска интелегенција” (ВИДЕО +ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе