4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Жена се породила под мостот кај нас. „Димо Наредникот„

Несекојдневен настан се случил вчеравечер во Прилеп, кога жена се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп. Како што пренесува порталот „Маркукуле“, екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито.

Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од ромска националност и извесно време живеела токму под мостот, а и помагале жителите од околните згради. Жената до последно работела и се борела да обезбеди храна за да се прехрани.

Очевидци на настанот велат дека бебето и жената биле однесени со возило на брзата помош и апелираат до надлежните служби ваквите настани да не се повторуваат во иднина.

Сакам да прашам во кој свет и век живееме? Нели е бедно и жално тие што имаат вечно да имаат и да се тепаат за фотељи само за да ја надоградуваат империјата, а обичните смртници да патат за леб и вакви случни да се случуваат? Каде се институциите за ваквите ранливи категории? Уствари каде е државата? Се срамам што сум дел од ова општество и овој неправеден свет, каде богатите стануваат уште побогати, сиромашните уште посиромашни! Многу ме интересира што се случи со становите за социјално загрозени категории? Или си се поделија меѓусебно на Петко, на Трајко и остала весела дружина? Господе прости им, не знаат што прават!, е еден од коментарите на Фејсбук.

 

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Прилеп ја одржува 17 тата редовна седница

Гордана Цветаноска

Проданоски: Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии

Пела Редакција

Информиран пациент – подобра грижа за сопственото здравје

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе