24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Четири дена ракометна возбуда во чест на ракометната легенда “Миле Нешкоски” (ВИДЕО+ФОТО)

Во чест и сеќавање на прилепската ракометна легенда Миле Нешкоски , по 9ти пат во Прилеп ќе се одржи меѓународниот меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”.Годинава на турнирот ќе настапат шест екипи поделени во две групи.Група 1 – РК Прилеп , ГРК Тиквеш и РК  Еурофарм Пелистер 2 и Група 2 – ГРК Охрид , РК Врање и РК Куманово.

Натпреварите стартуваат на 29.08 со дуелот помеѓу ГРК Охрид и РК Куманово со почеток во 18 часот.Претходно ќе биде положено цвеќе пред спомен плочата на Миле Нешкоски која е во близина на салата Сонце .Завршницата на турнирот е во недела на 01.09.2024 со пресметките за 5то место во 11 часот, за трето место во 13 часот и за прво место во 15  часот  , по што се следува и свеченото затворање.И годинава организаторот се погрижи сите натпревари да се следат во живо на livestream  на You Tube.

Би можело да ве интересира

Се укинува забранат-од денеска македонското коскесто овошје ќе патува на рускиот пазар

Промоција на новото дело на Венко Андоновски „Александар јава на запад“

20 години од масакрот кај Карпалак – чествувањето започнува од денеска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе