10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

с. Пресил треба да добие нов резервоар за вода за пиење

Изградбата на резервоар за вода во с. Пресил тече непречено ,информираат од Општина Крушево. Со оваа инвестиција граѓаните од ова населено место теба да  добијат нов резервоар со поголем капацитет соодветен за нивните потреби.

За причините за овој зафата градончалниот на Крушево истакна дека стариот резервоар бил мал и со недоволен капацитет , „па благодарение на овој проект ставаме крај на проблемите со вода“ во ова населенот место, изјави Христоски по увидот на терен.

Проектот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот чини  над два милиони денари (2 122 272 денари.)

Изградбата на резервоар за вода е еден од неколкуте тековни проекти во општина Крушево како што се реконструкција на локален пат и изградба на паркинг во град Крушево, изградба на објект на полетувалиштето за параглајдинг и во завршна фаза е изградбата на резрвоар за вода во с. Јакреново.

Би можело да ве интересира

На Гумење полицијата пред граѓаните ќе презентира дел од својата опрема

Елизабета Филипоска

Крушево викендов беше безбедна и атрактивна зимска дестинација

Елизабета Филипоска

Без сомнеж водата во Крушево е безбедна за пиење

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе